Како што пренесува Газета дело Спорт, Милан полека го губи трпението со неконзистентноста на Рафаел Леао, Тео Ернандез и Мајк Мењон, па трите ѕвезди можат да се најдат на продажба.
„Росонерите“ доживеаја шокантна елиминација од Феенорд во плеј-офот во Лигата на шампиони, сезоната во Серија А е далеку од посакувана и големи се шансите да останат без топ 4 и пласман.
Па раководоството на Милан е на два ума дали да продолжи со овој проект или да сврти нов лист, кој ќе подразбира продажба на неколку играчи како Рафаел Леао, Тео Ернандез и Мајк Мењон.
Рафаел Леао и Тео Ернандез имаат многу падови во формата, плус влегуваа и во конфликти со тренерите, па летоска ќе се бара решение за нивната ситуација.
Мајк Мењон имаше неколку киксови оваа сезона кои беа скапо платени, па и покрај тоа што голманот стави потпис на нов договор, летоска може да се најде на продажба.