Милан со минимални 1-0 ја доби пресметката против Интер во „дерби Дела Мадонина“, Первис Еступињан беше херој на „росонерите“ и донесе три важни бода.
Трката за Скудетото останува отворена откако Милан славеше на градското дерби со Интер и ја намали предноста на 7 бода.
Клучниот момент на мечот се случи во 35. минута, Фофана одлично го уфрли Еступињан, кој го издржа дуелот со Луис Хенрике и ја затресе мрежата за 1-0.
Само неколку секунди пред овој гол, Интер имаше шанса да го отвори резултатот, но Мхитарјан не реализираше зицер и биеше право во голманот Мењан.
„Нероаѕурите“ притиснаа во второто полувреме, го имаа поседот на топката но креираа премалку, најдобрата шанса за гол ја имаше Димарко, кој од добра позиција биеше над голот.
Во финишот од мечот Интер постигна гол, кој не можеше да важи откако судијата се огласи неколку секунди пред топката да заврши во мрежата.
Гостите бараа и пенал за играње со рака на Ричи, но судијата Довери не досуди ништо, ниту пак го коригираа од ВАР собата, па славјето на Милан можеше да почне.
ФОТО: X/AC Milan