Како што пренесува Газате дело Спорт, Милан решил да ги замрзне преговорите со Тео Ернандез за продолжување на соработката, левиот бек ќе мора да го заслужи новиот договор.
„Росонерите“ летоска започнале дискусии со агентите на Тео Ернандез, но двете страни се далеку од постигнување согласност.
Како што пренесува Газета дело Спорт, Милан решил да ги замрзне преговорите поради неколку причини.
Една е платата, Тео Ернандез побарал примања од 8-8,5 милиони евра по сезона, што е речиси двојно повеќе од тоа што го заработува со актуелниот договор (околу 4,5 милиони евра).
Милан во моментов не е подготвен да го направи Французинот најплатениот играч го тимот (во моментов тоа е Рафаел Леао со 7 милиони евра по сезона).
Исто така, партиите кои ги прикажува Тео Ернандез и неговото однесување не се во полза на брз прогрес во дискусиите.
Левиот бек креираше бура против Лацио кога заедно со Рафаел Леао стоеше на страна додека другите добиваа совети од тренерот Пауло Фонсека, а изминатиов викенд против Фиорентина направи нова глупост.
Тој прво ја игнорираше хиерархијата и изведе пенал пред Кристијан Пулишиќ, а по поселдниот свиреж влезе во конфротација со судијата, па му беше покажан црвен картон, поради кој доби суспензија од два натпревари.
Газеде дело Спорт додава дека Милан чека да види подобрување на терените, односно Тео мора да го заслужи новиот договор.