Милан фрустриран од однесувањето на Донарума

by
1 минути читање

18-годишниот голам кој потекнува од академијата на Милан, се уште не одговорил на понудата на клубот за нов договор.

Неговиот актуелен договор со Милан истекува во 2018 година, клубот му понуди продолжување на соработката за годишна плата од преку 4 милиони евра.

Милан му даде рок на Донарума на понудата да одговори до денес, пред да замине на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година, но тоа не се случи.

Според „Скај Спорт Италија“, раководството на Милан е шокирано од однесувањето на Донарума и стравува дека агентот Мино Рајола ќе продолжи да го нуди на останатите гиганти.

Манчестер Сити веќе го купи Едерсон, Реал Мадрид му даде поддршка на Кејлор Навас а тоа значи дека и Де Геа останува во Манчестер јунајтед.

Единствен кандидат за потписот на Донарума е ПСЖ, но Милан се надева дека на крајот сепак ќе го задржи младиот голман и покрај тоа што се крајно разочарани од неговото однесување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани