Медиумите од Италија пресметаа колку го чинел Милан ангажманот на Дивок Ориги, „росонерите“ потрошија околу 14 милиони евра, а за возврат добија само два гола.
„Милан сака да соопшти дека на взаемна согласност го раскина договорот со напаѓачот Дивок Ориги. Клубот сака да му посака на играчот се најдобро во иднина“ – ова е краткото соопштение со кое „росонерите“ и официјално ставија крај на соработката со напаѓачот од Белгија.
Дивок Ориги пристигна на Сан Сиро во 2022 како бесплатно засилување, но Милан фрли во вода 14 милиони евра.
Како што пренесува „Калчо&Финаца“, биле потрошени околу 13,8 милиони евра на име на провизии и бруто плата во изминативе три ипол години.
Во превод, секој натпревар на Дивок Ориги во „црвено-црниот“ дрес чинел околу 382.200 евра, или 11.592 евра за секоја минута помината на теренот, или 6,88 милиони евра за секој постигнат гол.