Милан, Фенербахче, Евертон… Ова се само дел од потенцијалните противници на Вардар и Шкендија во ЛЕ

by
2 минути читање

44 екипи ќе се
најдат во плејофот од квалификациите за Лига Европа, меѓу нив Вардар и
Шкендија.

Вардар и Шкендија
испишаа нови страници во македонскиот фудбал откако за прв пат нашата земја ќе
има два претставника во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групната
фаза од Лига Европа.

За Шкендија ова е
второ учество во плејофот, откако лани беше сопрена од Гент, за Вардар прво во
Лига Европа. Македонскиот шампион во оваа фаза од Лига Европа доаѓа од третото
квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде беше елиминиран од дански
Копенхаген.

Шкендија денес во
реванш пресметката против Тракаи од Литванија се избори за прогрес.

Вечерва ќе се
комплетираат сите натпревари од третата рунда квалификации за Лига Европа, за
конечниот исход ќе сочекаме, но вреди да издвоиме кои се потенцијалните
противници на нашите претставника во наредната фаза.

Фенербахче,
Милан, ПСВ, ПАОК, Евертон, Динамо Загреб
се само дел од екипите со најголеми
коефициенти во друштво на 24 тимови, речиси половина од бројката на екипи-учесници во
наредната фаза. Но сепак, ќе потенцираме дека треба да ги сочекаме исходите од денешните реванш средби.

За ждребката во
плејоф рундата ќе бидат формирани 2 групи со по 10 екипи, и 2 групи со по 12
екипи
, и двата македонски
претставника нема да имаат можност да бидат дел од носителите, од причина што
се долниот дел од рангирањето покрај екипите со најниски коефициенти.

Првите натпревари
од плејоф рундата во квалификациите за Лига Европа се предвидени да се одиграат
на 17/18, додека пак реванш средбите на 25/26 овој месец.

Ждребката ќе се
одржи утре со почеток од 13,00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани