Младиот Португалец е резерва на Алианц Арена, па во потрага на поголема минутажа сака да го напушти шампионот на Германија.
Милан и Манчестер јунајтед се посочуваат како можни дестинации, а самиот Ренато Санчез сега ја отвара врата за преселба во Милано.
„Не сум задоволен од првата сезона во Минхен, сакам да играм повеќе“ – вели фудбалерот од средниот ред „Затоа сакам да ја променам средината и да се преселам во клуб каде ќе имам поголема шанса за настап“.
„Милан е интересна опција. Доколку ми се укаже можност и двата клуба се договорат, би сакал да се случи овој трансфер“.
„По турнејата во Кина ќе седнеме на маса со лидерите на Баерн. Како млад играч, сакам и морам да играм повеќе“.
„Мислам дека во Милан ќе имам поголема минутажа отколку во Баерн“.