24
Милан и Вест Хем се блиску до договор за трансфер на напаѓачот Никлас Филкруг кој се поизвесно е дека од јануари ќе го носи црвено-црниот дрес.
Информациите велат дека остануваат уште последните детали да се прецизираат по што клубовите ќе си подадат рака.
Се работи за позајмица со опција за откуп за 14-15 милиони евра.
Филкруг дојде како сериозно засилување за Вест Хем, но комплетно разочара, сепак од Милан сметаат дека овој напаѓач има што да покаже.