Милан донел одлука за иднината на Консеисао по трите порази во низа

by bojan
1 минути читање
Консеисао

„Росонерите“ синоќа уште еднаш ги разочараа навивачите, примија гол во 98. минута и загубија од Лацио, но тренерот Сержо Консеисао ќе го преживее и новиот пораз.

По шокантната елиминација во Лигата на шампиони, Милан нареди три порази во Серија А и направи огромен чекор назад во битката за топ 4 пласман, во моментов „росонерите“ се на -9, а можат да се најдат и на -11 доколку Јувентус ја совлада Верона.

Серијата слаби резултати донесе многу прашалници за иднината на тренерот Сержо Консеисао, но како што пренесуваат медиумите, Португалецот ќе куртули од отказ, барам за сега.

Директорите Ибрахимовиќ и Монкада се симнале во соблекувалната по синоќешниот пораз од Лацио, разговарале со играчите и потврдиле дека во моментов имаат доверба во Сержо Консеисао, кој ќе остане на кормилото.

Исто така, се верува дека самиот Сержо Консеисао нема намера да поднесе оставка, тој обвини дека токсичната атмосфера е виновна за лошите резултати.

„Воопшто не ни е лесно, фудбалерите чувствуваат што се случува околу клубот. Но јас знам само еден начин за да излеземе од оваа криза, а тоа е напорна работа и со гордост да ги браниме боите на овој клуб“ – рече Португалецот на средбата со новинарите.

„Мораме секој ден да го даваме максимумот за да им се вратиме на победите. Не сакам да зборувам за тоа како немаме среќа, но навистина има одредени епизоди кои не одат во наша корист, и се во полза на противникот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани