Милан: Донарума не сака да потпише нов договор со нас!

by
2 минути читање

Тоа што се најавуваше во текот на вчерашниот ден, се оствари, италијанските медиуми
пишуваа дека денешниот ден ќе биде решавачки за иднината на Донарума, со што
целосно ќе заврши сагата околу неизвесноста на оваа тема.

Тоа и се случи, иако најавите беа поинакви, после долги преговори Донарума реши да одбие
нов договор со клубот, по што станува јасно дека тој ќе си замине од Милан во
блиска иднина. Оваа информација ја потврди и директорот на Милан во обраќањето
до јавноста по последните разговори со агентот на Донарума, Мино Рајола.

Бевме известени од Мино Рјаола дека неговиот клиент Џиџо Донарума донел одлука да не го продолжи договорот. Одлуката е конечна и ја донел самиот играч. Ние како клуб ги вложивме сите потребни напори за
да го задржиме Донарума во нашите редови, идејата ни беше во него да градиме
еден нов Милан, но не успеавме да ја реализираме таа цел, нема да застанеме,
одиме понатаму, ова е само минато за нас
“ изјави Марко Фасоне.

Договорот на
Донарума со Милан истекува идното лето, се чини дека 18 годишниот голман е
најблиску до трансфер во редовите на Реал Мадрид, европскиот шампион нема да се
штеди да дојде до неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани