Милан договори спортски директор, а новата ера повторно ќе биде италијанска!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фабио Паратичи ќе биде нов спортски директор на Милан од јуни, кога ќе му истече суспензијата поради претходни малверзации во фудбалот.

„Росонерите“ ќе тргнат со искуство, се очекува и нов тренер кој по сè изгледа пак ќе биде Италијанец. Покрај него, започнува нова ера во Милан и тоа повторно италијанска.

Медиумите пишуваат дека тимот налето ќе тргне по повеќе италијански фудбалери. На листата желби се споменуваат имиња како Лоренцо Пелегрини, Федерико Киеза, Давиде Фратези, Рикардо Орсолини, Лоренцо Лука, како и помлади имиња како Комуцо, Удоги, Копола…

Сон за блиската иднина е и враќање на Сандро Тонали кој за 80 милиони беше продаден во Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани