Медиумите од Италија пренесуваат дека на Сан Сиро пристигнува Хуан Аризала, левиот бек од Колумбија ќе чини околу 3 милиони евра и ќе биде првото од неколкуте засилувања во зимскиот преоден рок.
„Росонерите“ оваа сезона не играат во Европа, а по поразот од Лацио во средата, доживеаја елиминација во Купот на Италија, па до крајот ќе имаат само натпревари во Серија А.
Но и покрај ова, Макс Алегри бара поширок состав на располагање со цел Милан да има поголеми шанси за Скудетото.
Голем број на извори пренесуваат дека веќе е договорено првото засилување за зимскиот преоден рок и на Сан Сиро ќе пристигне Хуан Аризала во зделка вредна околу 3 милиони евра, се работи за перспективен 20 годишен лев бек од Колумбија.
Тутоспорт пак додава дека планот е во јануари да пристигнат уште неколку нови имиња, или поточно нов централен дефанзивец, нов офанзивен десен бек и нов напаѓач.