Како што пренесуваат медиумите од Италија, Пауло Фонсека за отказот дознал преку СМС порака која му ја испратил сопственикот Гери Кардинале.
Милан вчера официјално се раздели со Пауло Фонсека и го ангажираше Сержо Консеисао за нов тренер.
„Гласините“ за отказ се појавија уште во неделата вечерта, по ремито против Рома, а медиумите од Италија сега откриваат повеќе детали за тоа што се случувало зад сцената.
Како што пренесува Скај Спорт, ниту еден од директорите на Милан немал храброст да разговара лице во лице со Пауло Фонсека, и стратегот за отказот бил известен преку СМС порака која ја добил од сопственикот Гери Кардинале.
Во меѓувреме, самиот Пауло Фонсека на социјалните мрежи се прости од „росонерите“: „Дојде време да кажам збогум. Горд сум што работев во Милан и секогаш ја оставав душата за да ја почитувам историјата и традицијата на овој голем клуб. Сакам да им се заблагодарам на мојот тим, играчите, навивачите и на сите оние кои ме поддржуваа за време на мојот престој во Милан. Му посакувам на клубот се најдобро во иднина“.