Миља со супер гол со глава во финишот го расплака Атлетико (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На последниот вчерашен натпревар од Ла Лига, се случи изненадување, Еспањол со 2-1 го победи Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид поведе во 37. минута со прекрасен гол на Алварез од слободен удар.

Се чинеше дека тимот на Симеоне го има мечот под контрола, а домаќините јалово се обидуваат да се спасат од пораз.

Но, работите се променија во 73. минута кога Рубио даде гол за израмнување на 1-1.

Десет минути подоцна Миља постигна фантастичен погодок со глава за победа на Еспањол од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×