Mиктаријан открива непознати детали: Мурињо го молел да си замине од Манчестер јунајтед

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, , Хенрих Мхитарјан, во својата автобиографија „Мојот живот на центар“ открива непознати детали за бурниот однос со тогашниот менаџер на „црвените ѓаволи, Жозе Мурињо.

Ерменскиот репрезентативец, кој на „Олд Трафорд“ пристигна во 2016 година, опишува дека односот со Португалецот никогаш не му бил добар и дека кулминирал со жесток вербален судир во соблекувалната.

„Ме критикуваш веќе година и пол, откако сум тука. Знаеш ли што ќе ти кажам? Ти си го*но и тоа големо. Доста ми е“, му возвратил Мхитарјан. Мурињо, пак, ладнокрвно му одговорил: „Замини. Не сакам никогаш повеќе да те видам.“

Играчот открива дека по тој инцидент, тренерот не му се обраќал на тренинзите, но подоцна му испратил порака:

„Мики, те молам, замини од клубот.“

Мхитарјан му возвратил дека ќе си замине кога ќе најде нов клуб, но по еден месец добил уште една порака од Мурињо:

„Мики, те молам замини, сакам да го доведам Алексис Санчез.“

Токму тогаш Ерменецот се согласил на трансфер во Арсенал, во зделка размена со Санчез, но пред заминувањето му пратил јасна порака:

„Не си одам поради тебе. Не ми праќај веќе пораки. Ако сакаш нешто, обрати се кај мојот агент.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×