Хенрих Михитарјан пристигна на Емирати како дел од трансферот на Алексис Санчез, и Ерменецот импресионираше во својот прв страт за „Топчиите“ со три асистенции во победата од 5-1 над Евертон.
Популарниот Мики очигледно е желен за докажување по неуспешната авантура во Манчестер јунајтед, па останува да работи по секој тренинг.
Хенрих Михитарјан им помага на напаѓачите во вежбите за шутирање. Обично со Александре Лаказет и Пјер Емерик Обамејанг работи некој од тренерскиот персонал, но Ерменецот сакал тој да им асистира на голгетерите и да го обезбедува клучното додање.
И додека Арсен Венгер вели дека ова е нормално, на фановите сигурно ќе им се допадне дополнителното залагање на Мики и желбата што подобро да се разбира на терените со Александре Лаказет и Пјер Емерик Обамејнаг.