Микел Мерино за новата улога во Арсенал: Ќе барам повеќе пари, напаѓачите заработуваат многу!

by bojan
1 минути читање
Мерино

Микел Мерино реши да се мајтапи на сметка на Арсенал откако поради големиот број на повреди е приморан да игра како напаѓач, вели дека ќе побара нов договор и повеќе пари.

„Топчиите“ за кратко време останаа без Каи Хаверц и Габриел Жесус, па Микел Артета мора со „крпен“ напад до крајот на сезоната.

Микел Мерино е прекомандуван од средниот ред во нападот за да се компензира за големиот број повреди, и Шпанецот одлично се снајде во новата улога, со два гола донесе победа против Лестер, а го постигна и единствениот гол во триумфот од 1-0 над Манчестер јунајтед.

Па во разговор со Газета дело Спорт, Шпанецот реши да се мајтапи и да побара нов побогат договор.

„Не знам ништо за доаѓањето на Андреа Берта (името кое се споменува како нов спортски директор на Арсенал). Но знам една работа, ќе побарам договор кој му доликува на еден напаѓач. Тие заработуваат многу повеќе од останатите!“ – вели Микел Мерино.

„Исто така, сега извршувам две улоги, па и за тоа ќе треба плус пари!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани