Виктор Ѓекереш имаше официјално претставување пред навивачите на Арсенал, но не заигра на дуелот со Њукасл во Сингапур.
Новото засилување на „топчиите“ излезе на тревникот за да ги поздрави фановите, но не беше во конкуренција за настап.
Се очекува неговото деби да биде на следниот пријателски натпревар, против Тотенхем во Хонг Конг.
„Мислам дека од мечот на Спортинг кога станаа шампиони, немал ниту еден тренинг. Утре ќе процениме. Медицинските тестови се поминати, изгледа сè е во ред, но мора да биде физички подготвен. Не сакаме да ризикуваме, но сакаме што побрзо да биде со нас“, изјави Микел Артета.
Шведскиот напаѓач во Арсенал ја доби легендарната „14-ка“ на Тјери Анри и би требало да биде целосно спремен за стартот на сезоната и дербито со Манчестер јунајтед на 17 август.