179
Болоња има само една победа на последните десет натпревари во Серија А, а Синиша Михајловиќ ги пропушти најголемиот дел од мечевите поради борбата со тешката болест.
Клубот потврди дека српскиот стратег закажал прес конференција за утре во 10 часот, со него ќе се појават и докторите од болницата каде што прима медицински третман.
Тоа ќе биде првата прес конференција на Михајловиќ откако летото соопшти дека има леукемија.
Михајловиќ ја напушти болницата минатата недела по третата сесија на хемотерапија која заврши.