150
Тренерот на Болоња од јуни се бори со леукемија и имаше три фази на хемотерапија, по што следуваше и трансплатација на коскена срж.
Тој од денеска повторно е во болница на нова терапија.
„Г-дин Михајловиќ е примен утринава во Серањоли Институтот за Хемотерапија каде ќе биде подложен на антивирусен третман, кој е неопходен во неговиот случај по транспантацијата на коскена срж од донатор. Медицинскиот персонал верува дека должината на престојот на Михајловиќ овој пат ќе биде помала од претходно“, се вели во соопштението на болницата.