Михајловиќ е во многу добра состојба, тврдат од болницата каде тој има хемотерапија

by
1 минути читање

Болницата каде
Синиша Михајловиќ има втора фаза од хемотерапија тврди дека шефот на стручниот
штаб на Болоња е во одлична состојба во моментов, а како за потсетување во
однос на претходно, на Србинот му беше дијагностицирана агресивна леукемија за
време на летото.

Михајловиќ ја
заврши првата етапа од третманот за леукемијата на 28. август, а воедно се
најде на клупата на Болоња за воведните натпревари против Верона и СПАЛ од
новата сезона во Серија А, изненадувајќи многумина со своето појавување, а за
неговото појавување во јавноста доби и дозвола.

Веќе има потврда
денеска дека тренерот на Болоња почнал со втората фаза од својата хемотерапија,
а од болницата „Сант
Орсола-Малпиги“
се произнесоа околу тоа каква е неговата состојба.

Состојбата на
пациентот е многу добра, тестовите кои беа направени пред да биде пуштен за прв
пат покажаа големо подобрување од неговата прва фаза од хемотерапијата
“ тврдат
од таму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×