„Михајловиќ е во божји раце, можеби ќе живее уште 10 дена, но можеби уште 30 години“

by
2 минути читање

Изминатите денови имаше различни информации за состојбата на Синиша Михајловиќ, но ништо од тоа не беше официјално потврдено.

Михајловиќ веќе три години се бори со леукемија, се пишуваше дека сега состојбата му е влошена, но стигнуваа и деманти за тоа.

Пријател на Михајловиќ, кој сакал да остане анонимен, за српски „Спортал“ зборува за состојбата на поранешниот фудбалер.

„Синиша е во болница, свесен, буден. Не е во кома како што некои објавуваат, ниту пак бил во кома. Денеска дури е и подобро од вчера, од завчера… Но, тој е во божји раце. Знае Синиша дека може да живее уште 10 дена, ама и уште 30 години. Таква е болеста. Тој е свесен за тоа, свесно е целото негово семејство. Синиша е расплакан поради семејството, таков е, голем, во најтешките моменти повеќе се грижи за семејството отколку за себе“, вели пријателот на Михајловиќ.

На Михајловиќ пред три години му беше дијагностицирана леукемија после рутински прегледи откако бил неколку дена болен мислејќи дека е грип или настинка, по што еднаш успеа да ја победи болеста, му беше трансплантирана коскева срцевина, но брзо потоа болеста пак се врати и од март повторно мораше на терапии.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани