Михајловиќ бил блиску до тренерското место во Јуве

by
0 минути читање

Со одличните игри со Болоња минатата сезона, Михајловиќ си ја врати репутацијата на еден од најдобрите тренери во Серија А.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи открива дека Михајловиќ бил многу сериозен кандидат и за клупата на Јуве, но не открива кога било тоа.

„Многу е убаво што го гледаме повторно на клупата, тоа е воскреснување. Јас сум пријател со Синиша, многу добар пријател“, вели Паратичи.

„И ќе признаам, тој беше многу, многу блиску да стане тренер на Јувентус, но нема да кажам кога се случи тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×