Мидлзборо оди во втора лига, но не и Виктор Валдес

by
1 минути читање

„ЕСПН“ објавува дека Пеп Гвардиола посакува да ја обнови соработката со Виктор Валдес со кој соработуваше додека беше тренер на Барселона.

Мидлзборо испадна од Премиерлигата и очекувањата се дека шпанскиот голман ќе го напушти клубот и нема да брани во втората лига.

Договорот на Манчестер Сити со Кабалеро истекува по крајот на оваа сезона и се уште клубот не му понудил продолжување на соработката. А веројатно од Сити ќе замине и Клаудио Браво кој се покажа како големо трансфер промашување на Гвардиола.

Во Манчестер Сити ќе има промени на голманската позиција, па се шпекулира дека токму Виктор Валдес е еден од кандидатите кои може да застане меѓу стативите на небесно синиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани