„Ми наредија да исчезнам, да не кажам ниту еден лош збор за Кристијано Роналдо!“

by bojan
1 минути читање

Хозе Анхел Креспо раскажа како пред 10 години добил забрана да излезе пред медиумите и да упати критики на адреса на Кристијано Роналдо и Реал Мадрид.

Во сезоната 2014/2015, на натпреварот помеѓу Кордоба и Реал Мадрид, Кристијано Роналдо поцрвене откако без топка удри противнички фудбалер. Португалецот потоа се спречка со уште неколку домашни играчи.

Еден од актерите во тој инцидент беше и Хозе Анхел Креспо, кој десет години подоцна откри дека тогаш добил чудна наредба.

„Искрено, Роналдо имаше ужасен натпревар. Благодарејќи на нашиот колективен напор, тој не можеше да се поврзе, и во финишот од натпреварот доби црвен“ – раскажува Хозе Анхел Креспо.

„Требаше да се појавам пред новинарите и да кажам што се случуваше на теренот, но во последен миг добив повик од претседателот на Кордоба“.

„Ми нареди да исчезнам и дека не смеам да кажам ниту еден лош збор за Кристијано Роналдо и Реал Мадрид. Тој бил добар пријател со Флорентино Перез, па ми забрани да критикувам“.

„Беше навистина жално, се криев од новинарите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани