Мхитарјан: Во Македонија дојдовме за да победиме

by
1 минути читање

Фудбалерот на Рома, Хенрик Мхитарјан се враќа во ерменската репрезентација токму за мечот против Македонија.

„Моите соиграчи направија голема работа и одиграа одлични мечеви победувајќи на три од трите меча и сега одиме само на победа. Дојдовме за да победиме и за нас овој меч е исклучително важен. Ќе дадеме сѐ за да победиме, знаеме колку е важен за нас. Имаме големи шанси и во моментов фокусирани сме само на овој меч“, вели Мхитарјан.

Мхитарјан смета дека на Македонија ќе ѝ недостасува Горан Пандев.

„Пандев е легенда на македонскиот фудбал и беше многу важен за македонската селекција. Сигурен сум дека многу ќе ѝ недостига, јас му посакувам среќа во понатамошниот дел од клупската кариера, а каква ќе биде разликата со и без него, тешко е да се каже, може за тоа да зборуваме после мечот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×