Месут Озил со мислите во Манчестер, сака повторно да соработува со Мурињо?

by
1 минути читање

Германецот со турско потекло и член на лондонски Арсенал,
Месут Озил, според информациите кои ги пренесуваат медиумите на Островот, сака
повторно да соработува со португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Со тоа, Озил сака да се пресели на „Олд Трафорд“,
тамошните медиуми велат дека тоа е голема желба за фудбалерот на Арсенал кој
актуелниот важечки договор со Топчиите истекува идното лето.

Она што е исто така интересно, иако Арсен Венгер правеше
максимални напори во обидите да го убеди Озил да потпише нов договор со клубот,
овој пат францускиот стратег изјави дека преговорите на некој начин стојат во
место веќе подолг период.

Жозе Мурињо и Месут Озил соработуваа заедно три години (2010-2013)
во мадридски Реал, а 28 годишниот фудбалер ова лето одбил 8.1 милион фунти
годишна плата за да остане во Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани