Меси: Знаев дека Бог е со нас и нема да дозволи да си одиме

by
1 минути читање

Аргентина имаше очаен старт на Светското првенство, со само еден бод по првите две кола. Денеска мораше да ја победи Нигерија, а Исланд да не ја совлада Хрватска. Тоа и се случи.

„Бевме уверени дека ќе го победиме овој натпревар. Фантастично е што победивме на ваков начин. Ова е заслужено уживање. Знаев дека Бог е со нас и нема да дозволи да си одиме. Им благодарам на луѓето кои се тука, за сета нивна пожртвуваност и на сите оние кои се во Аргентина и кои секогаш биле со нас. Дресот на националниот тим е пред се“, изјави Меси кој беше прогласен и за играч на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани