Меси: Жалам што ќе ги скокнам важните дуели со Уругвај и Бразил…

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси поради блага повреда мора да го скокне репрезентативниот собир на Аргентина.

Ѕвездата на Интер Мајами по мечот со Атланта Јунајтед откри мускулна повреда. Истата не е сериозна, ама е доволна да го оттргне од терените десетина дена. Поради тоа тој нема да игра во дерби дуелите со Уругвај и Бразил. Самиот Меси даде краток коментар на ситуацијата.

Тажен сум што ќе ги пропуштам двата многу важни натпревари против Уругвај и Бразил. Навистина сакав да играм, ама мала повреда за мене значи дека морам малку да одморам и за жал нема да бидам со репрезентацијата. Ќе ги поддржувам своите соиграчи како секој друг навивач. Напред Аргентина“, изјави Меси.

Аргентинците одлично котираат во квалификациите за Светското првенство и се лидер на табелата со 25 бода пред Уругвај кој има 20.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани