Eкипата на Интер Мајами води преговори со Лионел Меси за продолжување на соработката, а Аргентинецот би можел да добие договор каков што не добил ниту еден друг фудбалер претходно.
Ако не се случи некој преврт, Меси ќе остане во Интер Мајами, а тимот од САД е подготвен да му даде уникатен договор.
Се шпекулираше дека може да ја промени средината за да игра на повисоко ниво пред Светското првенство во 2026 година, но тоа нема да се случи, доказ за тоа е и трансферот на Родриго Де Пол кој пристигна неодамна. Познато е дека поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид е еден од омилените соиграчи на Меси во репрезентацијата.
Медиумите во САД сега пишуваат дека Меси може да добие договор кој ќе нема година на завршување, туку Аргентинецот ќе може да биде член на Интер Мајами до кога тој ќе посака.
Исто така кога ќе ја заврши кариерата веднаш би добил место во раководството.