Меси во елемент, мајсторски асистира и погодува од слободен удар, Барса со 5-1 го совлада Ваљадолид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона се врати на врвот на табелата откако без многу проблеми славеше убедливо против Ваљадолид. Лео Меси беше прилично расположен за надигрување и тоа значеше само едно нешто, многу проблеми за гостите.

Домаќините поведоа веќе во 2. минута, по една нафрлена топкна на Меси настана мешаница а Ленгле се снајде најдобро и донесе 0-1. Ваљадолид изедначи во 15. минута. По еден прикин беше упатен опасен центаршут, Тер Штеген рефлексно одбрани, но за негова несреќа топката се одби од еден гостински играч и заврши во мрежата.

Потоа на сцена стапи Меси. Аргентинецот испрати топка со очи за Видал за 2-1, а потоа прекрасно погоди од слободен удар за 3-1.

Во продолженито од мечот, Меси погоди за 4-1 на додавање на Ракитиќ, а 120 секунди подоцна, мајсторски му асистираше на Суарез за 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×