Меси соопшти: Сите играчи на Барса прифатија 70% помала плата, плус од свој џеб ќе дадеме за вработените да земат цела плата

by
1 минути читање

Изминативе денови
имаше многу гласини за тензија помеѓу раководството на Барселона и играчите,
причина беа финасиите, односно намерата на Жозеп Мариа Бартомеу да ги намали
платите.

Се говореше дека
фудбалерите, или поточно четворицата капитени (Лео Меси, Серхио Бускетс, Жерард
Пикер и Серхио Роберто) не ги прифаќале предлогот кој им бил понуден. Барселона
сака да ја примени мерката ЕРТЕ, која предвидува во време на вонредна состојбо,
да се намалат платите за 70%.

По многу
шпекулации, Лео Меси се огласи попладнево. Аргентинецот на социјалните мрежи објави
соопштение во кое се вели дека сите играчи прифатиле 70% помала месечна плата.

Првата
ѕвезда на тимот исто така пренесе дека тие од свој џеб ќе дадат допринос за останатите
вработени од клубот да земат цела плата
, со оглед на тоа дека мерката ЕРТЕ се однесува на сите, не само на фудбалерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×