Се верува дека
Лео Меси на маса има пет годишен договр од Барселона и плата од фантaстични 30
милиони евра по сезона, но според медиумите од Шпанија, играчот има одредени
барања пред да стави потпис на документите.
„Диарио гол“
пренесува дека првата ѕвезда на „Каталонците“, Лео Меси бара гаранции од лидерите клуб дека ќе бидат
донесени пет засилувања по крајот на сезоната.
Извештаите велат
дека Меси како услов за нов договор со Барселона посакува нов десен бек, централен
дефанзивец, долгорочна замена за Иниеста, напаѓач и крило кои ќе бидат резервна
опција, односно ќе ги освежуваат овие позиции по потреба од клупата.
Подолг период се
шпекулира дека Ектор Бељерин ќе ја засили Барселона на десната бековска
позиција, додека идеална замена за Иниеста се гледа во Филипе Кутињо.
За позицијата
крилен напаѓач кој треба да биде резервна опција се споменува Жерард Деулофеу,
додека пак истовремено како опција се споменува и Витоло за кого „Каталонците“
се подготвени на Севиља да и исплатат околу 40 милиони евра.
Медиумите од
Шпанија како опција за нападот го посочуваат Килијан Мбапе, суперталентираниот Французин
за кого постои интерес од повеќе гиганти во Европа.
Што се однесува
за централниот дел од одбраната, познато е дека Барселона го договори Јери
Мина, Колумбиецот кој имаше блескави партии во дресот на Палмеирас минатата
сезона.
22 годишниот Јари
Мина, за кого интерес пријавуваше и
Манчестер Сити, ќе остане во Бразил до јануари следната година и потоа ќе се
пресели на Камп Ноу.