Meси со мајсторијата од слободен удар го прескокна и Роналдо (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Аргентинецот Лионел Меси уште еднаш ја потврди својата фудбалска генијалност со маестрален гол од слободен удар на натпреварот против Порто (2-1).

Интер Мајами го совлада португалскиот претставник во Ннатпревар од Светското клупско првенство, а Меси со својот погодок го надмина Кристијано Роналдо на вечната листа на најдобри изведувачи на слободни удари. Тој сега има вкупно 64 голови од слободен удар, еден повеќе од неговиот вечен ривал.

Со овој гол, Меси се доближи до легендарните бразилски фудбалери кои се на врвот на оваа листа: Пеле, кој има 70 голови, и Жунињо Пернамбукано, кој е лидер со 77 погодоци од слободен удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×