Меси со изјава која нема да им се допадне на навивачите на Барса: Реал Мадрид е најдобриот тим!

by bojan
1 минути читање

Лео Меси вели дека Реал Мадрид е најдобриот тим во моментов доколку се суди според резултатите, додека пак Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола прикажува најдобри игри.

Лео Меси излезе со коментари кои сигурно нема да им се допаднат на „каталонците“.

Зборувајќи за тоа кој е најдобриот тим во моментов, Аргенгинецот ги наброја Реал Мадрид и Манчестер Сити, и не го спомна неговиот поранешен клуб Барселона.

„Доколку морам да одберам, најдобар тим е Реал Мадрид, неодамна ја освоија Лигата на шампиони“ – вели Лео Меси.

„Доколку се суди според резултати, Реал Мадрид е најдобриот тим во моментов. Но доколку се суди според играта што се прикажува, лично мене ми се допаѓа Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола.

„Мислам дека секој тим предводен од Гвардиола ќе биде специјален поради неговите размислувања, работите што ги правите на тренинг и стилот на игра кој го наметнува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани