Меси со глава го даде првиот гол за Интер Мајами на новиот стадион! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Интер Мајами и Остин одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник 2-2 во шестото коло од МЛС лигата

Овој дуел ќе остане запаметен и по тоа што беше прв одигран на новиот стадион „Ну стадион“, но домашниот тим не успеа да ја одбележи премиерата со триумф.

Првиот гол за Интер Мајами на новиот стадион беше дело на Лионел Меси, кој израмни со погодок со глава за 1-1. На крајот домашните и вторпат бркаа негатива, а Луис Суарез донесе бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×