Меси со две големи промашувања, Аргентина со победа над Канада ја отвори Копа Америка (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Меси

Аргентина со 2-0 ја совлада Канада на воведниот натпревар на Копа Америка, Лео Меси имаше две големи промашувања, но и покрај тоа беше клучен играч за славјето на „гаучосите“.

Новото издание на Кома Америка, кое ова лето се игра во САД, почна со триумф на актуелниот шампион, Аргентина со 2-0 ја победи Канада.

Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Меси испрати фантастично додавање во фор за Мекалистер, кој во обидот да стигне прв до топката пред голманот, перфектно му асистираше на Алварез за 1-0.

Победата беше осигурана во финишот, кога Меси повторно испрати точна топка во фор, а Лаутаро Мартинез ја протна меѓу нозете на голманот за 2-0.

Самиот Лео Меси можеше предвреме да го реши натпреварот, во наврати излезе сам пред голманот на Канада, но имаше две големи промашувања во намерата да лобува.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани