Најавите се
остварија, Лео Меси го доби трофејот „Златна топка“. Аргентинецот до ова
признание на Франс Фудбал стигна пред Вирџил ван Дајк, Садио Мане и Кристијано
Роналдо.
Фудбалерот на
Барселона сега е осамен на врвот и прв играч во историјата кој може да се
пофали дека шест пати ја подигнал оваа награда.
„Сакам да им се
заблагодарам на новинарите кои гласаа за мене и на моите колеги. Пред десет
години ја добив првата „Златна топка“, дојдов со моите тројца браќа, имав 22 години и сето тоа беше незамисливо. 10
години подоцна ја добивм шестата „Златна топка“, времето сега е друго, тука сум
со сопругата и три деца. Никогаш не престанав да сонувам, и понатаму да сакам
да растам, да се подобрувам секој ден и да уживам во фудбалот. Му благодарам на
Бог што можам да го правам она што го сакам и се надевам дека ќе имам уште
многу години за уживање. Свесен сум колку години имам и морам да уживам во овие
моменти бидејќи се ближи денот кога ќе се повлечам“ – рече Меси од бината.