Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси би можел целосно да биде подготвен за настап во дуелот
против Интер во второто коло од Лигата на шампионите, дуел кој се игра во среда
на „Камп Ноу“.
Извори блиски до
медицинскиот тим на Каталонците, за „Спорт“ тврдат дека рехабилитацијата на
Аргентинецот тече според планот, па дури и побрзо од самите очекувања, па иако
неговиот настап во дуелот против „Нероаѕурите“ беше под знак прашалник,
веројатно е дека ќе му биде на располагање на Ернесто Валверде.
32 годишниот
Аргентинец го пропушти стартот на новата сезона и отсуствуваше четири меча
поради повреда со која се здоби за време на претсезонските подготовки, тој се
врати како замена на мечот кај Борусија Дортмунд во воведното коло од Лигата на
шампионите, а досега одигра 120 минути, отсуствувајќи на дури 20% од
натпреварите на Барселона.
Тинејџерската
атракција Ансу Фати, како и Осман Дембеле исто така се соочуваат со мали
проблеми околу повредите, а Валверде се одлучи за Гризман – Суарез – Перез во
триото од нападот на Каталонците.