191
Барселона соопшти дека на тренингот пред заминувањето за САД, Меси заработил повреда на десната нога и ќе остане во Шпанија.
Меси поради повредата предвреме го завршил тренингот, тестовите покажале дека не се работи за нешто сериозно но ќе треба да мирува. Голема е веројатноста да го пропушти првиот меч од новата сезона.
Барселона во САД треба да одигра два пријателски натпревари против Наполи, едниот во Мајами, другиот во Мичиген.