Интер Мајами со убедливи 3-0 загуби на гостувањето кај Шарлот, а мечот можеше да има поинаков тек доколку Лео Меси реализираше пенал.
Во 32. минута при резултат 0-0, Меси имаше можност од пенал да му донесе водство на Интер Мајами. Аргентинецот се обиде да реализира фраерски, со паненка, но топката беше лесен плен за домашниот голман.