Меси: Правевме грешки како деца, сега сме во комплицирана ситуација

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид ја елиминираше Барселона во полуфиналето
од шпанскиот Суперкуп и со тоа закажа пресметка со градскиот ривал Реал Мадрид
во големото финале, а за Каталонците поразот донесе нови проблеми, особено по
прашањето за иднината на Ернесто Валверде на клупата на таа екипа.

Првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси јавно застана
со поддршка за својот тренер, тврдејќи дека тој ја има довербата во тимот,
меѓутоа додаде дека тимот мора да се подобри во продолжението од сезоната и да
избегне грешки како на мечот со „Јорганџиите“, кои наведе дека биле како од
деца.

Имаме многу што да поправиме во играта, знаеме за тоа,
свесни сме за тоа дека не ги реализиравме дадените задачи на начин на кој
знаеме
“ рече Аргентинецот.

Оваа година ќе се обидеме да се вратиме на патеката на
која треба да чекориме, меѓутоа мораме и да избегнеме да правиме детски грешки
како на овој натпревар…
“ заклучи првата ѕвезда на Каталонците.

Во однос на прашањето со Валверде, Меси повика на
обединетост во тимот, тврдејќи дека е сосема нормално да се говори на таа тема,
меѓутоа упати јавна поддршка за својот тренер.

Кога ќе се случи пораз, а целите не се исполнети,
нормално е луѓето да зборуваат и дискутираат, ние едноставно мораме да бидеме
обединети, повеќе од било кога, да бидеме силна екипаа и да продолжиме напред

изјави Меси кој посочи дека Валверде ја има сета поддршка.

Ова е комплицирана ситуација, посебно бидејќи ја
испуштивме титулата која силно ја посакувавме, меѓутоа мораме да продолжиме
напред и да се развиваме
“ заклучи капитенот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×