Меси постигна хет-трик, го сруши рекордот на Пеле, па со солзи го славеше трофејот од Копа Америка со фановите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Меси ги постигна сите три гола на мечот, имаше вистинско шоу. Тој дојде до бројката од 79. голови за репрезентацијата со што го надмина рекордот на Пеле и стана најдобриот стрелец во историјата во Јужна Америка во репрезентативниот фудбал.

Ова беше прв натпревар за Аргентина со фанови по освојувањето на Копа Америка летово. Аргентинците го славеа трофејот со своите навивачи, а емоциите кај Меси беа посебни.

„Навистина сакав да го доживеам ова. Чекав долго време за ова. Сонував за тоа. Беше посебен момент според начинот на кој се случи по толку чекање“, вели Меси за освоената титула од Копа Америка и тоа на бразилско тло.

„Нема подобар начин да се прослави од овој, тука. Мојата мајка, моте браќа се на трибините… Тие страдаа многу и денеска тука слават. Многу сум среќен“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани