Барселона го
објави списокот на фудбалери за утрешното гостување кај Интер во последното
коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а на истиот список кој брои 20
фудбалери ја нема првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси.
Каталонците веќе
обезбедија место во нокаут фазата од европското клупско елитно натпреварување,
во конкуренцијата „Ф“ досега освоија 11 бода, четири повеќе од Интер и Борусија
Дортмунд кои ќе влезат во „фото-финиш“.
Меси веќе му
помогна на својот тим да остане непоразен во својата група по петте одиграни
натпревари, реализирајќи два погодоци, а запиша и три асистенции.
Шефот на
стручниот штаб на Каталонците, Ернесто Валверде сепак на крајот се реши во
Милано да отпатува со Луис Суарез и Антоан Гризман, меѓутоа Меси ќе биде
поштетен за тоа гостување, со тоа што Аргентинецот ќе биде свеж за тоа
гостување во новата рунда натпревари во Примера.