Меси поради повреда откажа настап за Аргентина против Бразил и Уругвај

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси нема да заигра за Аргентина во мартовските квалификациски натпревари за Светското првенство.

Капитенот на репрезентацијата мораше да го откаже настапот за националниот тим поради повреда. По мечот на неговиот Интер Мајами против Атланта Јунајтед беше утврдено дека Меси има мускулна повреда и потребна му е пауза од неколку седмици.

Аргентина ќе одигра две големи дерби пресметки во квалификациите, прво гостува кај Уругвај, а потоа е домаќин на Бразил.

На табелата Аргентинците се лидер со 25 бода и солидни пет предност пред Уругвајците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани