Капитенот на Аргентина, Лео Меси вели дека ова издание на Копа Америка е потешко од било кога и смета дека новиот пласман на „гаучосите“ во финале е лудост.
Аргентина ќе има прилика да го брани трофејот на Копа Америка откако утрово со 2-0 ја сволада Канада и обезбеди ново финале.
„Ова издание на Коша Америка е потешко од било кога. Терените се лоши, температурите се високи, противниците се силни… кога се ќе се собере, навистина е тешко“ – вели Лео Меси.
„Па ова што репрезентацијата на Аргентина го направи и продолжува да го прави е лудо. Импресивно е што репрезентацијава и нејзината стара гарда стигна до уште едно финале, кое ќе биде четврто во низа“.
Се почесто се говори дека Лео Меси наскоро би можел да се повлече од националниот тим, а и самиот тој меѓу редови навести нешто такво.
„Уживам многу во овие натпревари, свесен сум дека ова се едни од последните битки“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.