Меси: Ова е срамота, цел свет не гледа! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпрварот помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за СП 2022 се претвори во циркуз откако здравствените власти заедно со полицијата влегоа на терен по пет минути игра да уапсат четворица фудбалери на „гаучосите“.

Се работи за Мартинез, Буендиа, Ромеро и Ло Лесло, кои требале да бидат во карантин бидејќи изминатите 14 дена имале престој во Англија.

Откако гостите се повлекоа, Лео Меси се врати на теренот со маркер од фоторепортер и започна разоговор со официјалните лица, Нејмар, селекторите Тите и Скалони и уште неколку фудбалери.

„Слушни ме, тука сме три дена, зошто чекавте да почне натпреварот за ни кажете дека не можеме да играме? Зошто не ни кажавте порано? Можевте да дојдовте во хотелот во кој бевме сместени. Ова е срамота, цел свет не гледа!“ – беа дел од зборовите кои ги упати Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани