Меси не го сака тренерот на Барса: Со ваква игра не можеме да ја освоиме Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Во интервју за каталонскиот весник „Спорт“, Меси вели дека верува во составот на Барселона, но не е задоволен од играта на последните натпревари.

Меси претходно пожестокот го нападна тренерот Сетиен, па сега во интервјуто за „Спорт“ вели дека можеби станува за недоразбирање. Тогаш Сетиен отпимистички зборуваше за шансите на Барселона.

„Мислам дека тренерот не сфатил што сакав да кажам или тоа што го кажав му било лошо објаснето нему. Она што го кажав е дека ако играме како што игравме на натпреварите пред оваа пауза, се разбира дека не можеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, вели Меси.

„Сите имаат свое мислење. Моето се базира на фактот дека сум имал среќа секоја година да играм во Лигата на шампионите и знам дека е невозможно да триумфираме играјќи на начинот на кој играме“.

Се шпекулира дека Сетиен само ќе за заврши сезоната со Барселона, а потоа ќе биде заменет од друг тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×