Интер Мајами конечно се врати на победнички пат откако ноќеска го совлада Њу Ингланд со убедливи 4-1 и ја прекина мини-серијата без триумф по ремито со Торонто и поразот од Чикаго. Иако не се запиша во листата на стрелците, Лионел Меси повторно беше во главна улога на натпреварот. Аргентинецот трипати асистираше и ја предводеше својата екипа до убедлива победа.
Тимот од Флорида уште на полувреме имаше предност од 2-0 благодарение на асистенциите на Меси за головите на Аленде и Алба. Во вториот дел, Њу Ингланд успеа да намали, но Меси повторно блесна и му подготви уште еден погодок на Аленде. Крајниот резултат 4-1 го постави Алба во 63-тата минута.
Интер Мајами со оваа победа ја зацврсти позицијата во горниот дел од табелата, а Меси уште еднаш покажа дека и без голови може целосно да го одлучи исходот на натпреварот.