77
Аргентина како бранител на трофејот ќе го почне Светското првенство кое ќе се одржи наредната година во САД, Мексико и Канада.
Меси е свесен дека ќе биде исклучително тешко да се одбрани трофејот, а посочи кои селекции се главните кандидати на неговата земја.
„Има многу добри тимови. Шпанија, Франција, Англија, Бразил кој долго не бил шампион сака да го освои овој турнир. Германија, која секогаш сакала да ја победи Аргентина, сега сака уште повеќе по минатото Светско првенство. Ќе биде тешко“, рече Меси.